ужноафриканската полиција во неделата соопшти дека истражува смртта на играчот на Светското првенство и јужноафрикански репрезентативец Џејден Адамс, откако неговото безживотно тело беше пронајдено минатиот викенд на имот во Кејптаун.
25-годишникот почина две недели откако ѝ помогна на Јужна Африка да стигне до нокаут фазата на Светското првенство за прв пат во својата историја.
Властите не ја открија причината за смртта.
„Полицијата во Централниот дел на Кејптаун започна истрага, откако телото на 25-годишен маж беше пронајдено во саботата. Околностите околу овој инцидент се иструваат“, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека телото е пронајдено околу 11 часот наутро во саботата, но не даде дополнителни детали. Таткото на Адамс, Хуанито Адамс, во неделата изјави за јужноафриканската телевизија eNCA дека семејството ги чека резултатите од обдукцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
