Полна „Сведбанк арена“ го очекува Вардар во Малме: Продадени повеќе од 15.000 билети

Преполна „Сведбанк арена“ очигледно ќе го пречека Вардар на првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите против Малме во Шведска.

Според информациите од Малме, досега се продадени околу 15.000 билети за натпреварот меѓу двата тима кој се игра на 12. јули.

Капацитетот на „Сведбанк арена“ за домашните натпревари во шведскиот шампионат изнесува 25.000, со дозволените места за стоење, меѓутоа за меѓународни натпревари капацитетот е 21.000 седиште.

Реванш натпреварот меѓу Вардар и Малме во 2. квалификациско коло за ЛШ ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица кој е со капацитет од 5.500 седишта.

Се вчитува...