Лионел Меси ќе ја предводи Аргентина во нова финална битка, но легендарниот фудбалер прави се за да го намали притисокот врз својот тим во пресрет на дуелот со Шпанија.
Така, Лео синоќа на својот профил на инстаграм објави писмо со кое потсети дека оваа аргентинска генерација веќе испишала историја, јавно заблагодарувајќи се на сите оние кои беа дел од овој успех.
„Најдобар ден од сите овие години никога не беа само титулите, туку самата авантура, делењето на секојдневието со овиц момци, заедничкото натпреварување и кревање на себе во тешките времиња, уживањето во секој чекор од патот. Благодарност до секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и сите оние кои секојдневно работат за да се осигураат оваа репрезентација да остане семејство. Што и да се случи во финалето, оваа репрезентација веќе испиша приказна што никогаш нема да ја забправиме, историја што никој никогаш нема да може да ја избрише. Вамос, Аргентина“, порача за крај Лео Меси.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
