Шкендија повторно остана без цел плен во прволигашката конкуренција откако тетовци одиграа само 1-1 на гостувањето против Шкендија Арачиново.
Дуелот се играше на стадионот Чаир во Скопје, а гостинскиот тренер Положани причината што неговиот тим не стигна до трите бода ја лоцираше во – лошиот теренн за игра.
„Дефинитивно сме разочарани, резултатот можеше да биде подобар за нас, особено по шансите и играта во првото полувреме. Но, што да коментирам за натпревар што се игра на ваков терен. Не можам да говорам за маневри, за техника или за накои тактички замисли бидејќи не постојат нормални услови со кои тие замисли би биле спроведени. Им реков на момците во соблекувалната, немам на што да им замерам, ние сакаме да играме фудбал, настојуваме да играме фудбал преку посед да креираме, но овојпат тоа беше невозможно поради теренот за игра. Точно е, се ќе беше полесно ако ги реализиравме шансите, но разберете, ние цела недела тренираме и се подготвуваме за нешто, доаѓаме овде и гледаме поплава. Моравме да менуваме во од, а немаше услови за да играме онака како што знаеме“, истакна Положани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
