Полска доаѓа во Скопје без Блашиковски, но со атомско трио во нападот

Полскиот селектор Јиржи Брзечек го објави поширокиот список од 28 фудбалери за јунските квалификациски средби против Македонија и Израел.

Најзастрашувачки за нашиот национален тим е нападот на Полјаците, предводен од Роберт Левандовски. Покрај асот на Баен Минхен тука е и Аркадиуш Милик од Наполи, а во комбинација за настап од првата минута во Скопје е и Пјонтек, кој игра извонредно сезонава.

Од стандардните првотимци поради повреда во тимот не е поранешниот ас на Борусија Дортмунд, Јакоб Блашиковски, додека на списокот на селекторот се најде и дефанзивецот Рибус иако се жали на повреда и неизвесно е дали ќе може да настапи во Скопје.

Се вчитува...