Европското првенство во атлетика во 2028 година ќе се одржи во Шлеска, Полска. Ова беше одлучено за време на првиот ден од конгресот во Бирмингем, Англија, кој оваа година ќе биде домаќин на најдобрите спортисти на стариот континент.
Полска со тоа ќе биде домаќин на Европското првенство за прв пат во историјата. Натпреварувањето ќе се одржи од 3 до 8 јуни 2028 година, еден месец пред Олимписките игри во Лос Анџелес.
За многу натпреварувачи од стариот континент, ова ќе биде последна шанса да обезбедат учество на најголемата претстава на светскиот спорт.
„Шлеска веќе покажа дека може да биде одличен организатор за време на Европското првенство во тимска конкуренција во 2021 и 2023 година. Ова е само еден чекор напред“, рече Добромир Карамаринов, претседател на Европската атлетика.
Полска е шестата најуспешна нација во историјата на Европското првенство со 59 златни медали и вкупно 185 медали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

