Полска го освои Президент Купот на СП

Ракометната репрезентација на Полска го освои Президент Купот на Светското првенство што се одржува во Франција. Избраниците на Талант Душебајев првпат по 13 години не успеаја да се пласираат во најдобрите 16 селекции на еден Мундијал и учествуваа во Президент Купот каде разигруваа за пласман од 17-20. место. Полјаците ја совладаа Аргентина со 24-22 и се закитија со трофејот од овој Куп. Полска е севкупно пласирана како 17. земја во светот на овој Мундијал, две места под македонската репрезентација оставајќи ја Аргентина како 18. земја.

Крајевски со шест погодоци од шест шутеви беше најефикасен во полската репрезентација, четири гола постигна Прибилски. За Аргентина, Фернандез запиша осум гола зад своето име.

Тунис ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со убедливи 39-30 и Светското првенство го заврши како 19. пласирана земја-учесник. На 21. место се пласира Чиле откако славеше со 29-35 над селекцијата на Јапонија, Бахреин е 23. пласиран пред Ангола која е последна на овој Мундијал

Се вчитува...