Полска влегува во серија, Франција го доби дуелот со Русија, Иран немаше сили за Италија

Четвртото коло од групната фаза на одбојкаркиот турнир на Летните олимписки игри не донесе големи возбудувања, а фаворитите ги опрадваа очекувањата. По поразот во првото коло, Полска влезе во серија на победи, а последната доаѓа против домаќинот Јапонија од 3-0 (25-22, 25-21, 26-24).

Интересно беше на натпреварот помеѓу Аргентина и Тунис кој Аргентинците го добија со 3-2 (23-25, 23-25, 25-19, 25-18 и 15-8). Тунис по првите два сета водеше со 2-0, но Аргентина не се предаде, одигра одлично во продолжението и стигна до пресврт победа која за „сино-белите“ е втора на турнирот.

До победа стигна и Италија која со 3-1 (30-28, 25-21, 21-25 и 25-21) против секогаш незгодниот Иран, додека најинтересниот меч на денот го доби Франција која славеше со 3-1 (25-21, 20-25, 25-17 и 25-20) против Русија.

Се вчитува...