Полскиот фудбал завиен во црно: На 45 години почина поранешен голман и тренер

Рафаел Скорски, поранешен голман и тренер на голмани во помладите национални тимови на Полска, почина на 45-годишна возраст откако ја загуби битката со тешката болест.

Скорски беше голман во второлигашот Хутник Краков, но мораше да ја прекине кариерата на само 22 години, поради чести проблеми со грбот. Потоа станува тренер на голмани, и работи во неколку клубови меѓу кои Краковија, Катовица, Лехија Гдањск. Беше тренер на голманите на селекциите на Полска до 15 и 20 години.

„Со големо жалење и нескриена тага ве известуваме дека Рафал Скорски, голман, тренер, младински ментор и човек посветен на Хутник со години, почина по битка со тешка болест“, стои во соопштението на клубот.

Од Скорски се прости и Полската фудбалска федерација.

Се вчитува...