Полуфинале за Јотовски на турнирот во Грузија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски обезбеди полуфинале и на вториот едноподруго ИТФ фјучерс вреден 15.000 долари во Грузија.

Откако го освои претходниот фјучерс, Јотовски сега без поголеми проблеми стигна повторно до полуфиналето славејќи во четвртфиналната пресметка против домашниот тенисер Александре Бакши во два сета, со 6-3,6-1.

Во полуфиналето Јотовски, кој е седми носител на фјучерсот, ќе игра против рускиот тенисер Кирил Киватсев.

Се вчитува...