ПОЛУВРЕМЕ: Барселона не знае што ја снајде во Лисабон, ПСВ ја „меле“ Црвена Звезда во Белград (ВИДЕО)

Барселона е пред пораз во првиот меч во Лигата на шампионите во 2025 година, откако губи со 3-1 од Бенфика. Херој на домашниот тим е Павлидис, кој постигна три гола, а во тоа многу имаше помош од обраната на Барса која како да не е на теренот на овој меч. Откако имаше негатива по 2. минута, Левандовски од пенал успеа да израмни, а потоа Гркот постигна уште два гола во 22. и во 30. минута од пенал.

Црвена Звезда има негатива од убедливи 0-3 на домашен терен од ПСВ. Штутгарт со 0-2 води против Слован Братислава. Ливерпул има предност над Лил со голот на Салах. Баер Леверкузен со играч повеќе во финишот од првото полувреме поведе против Атлетико со голот на Хинкапи.

Бриж и Јувентус го завршија полувремето без голови. Пеналот на Борусија Дортмунд му донесе предност на гостувањето кај Болоња, иако италијанскиот тим имаше доминација во првиот дел.

Се вчитува...