Полувреме без голови, Пандев со убава можност за водство на Македонија

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Владимир Булатовиќ

Полувреме без голови во финалето од Лига на нации меѓу Грузија и Македонија на „Динамо арена“ во Тбилиси кои носи пласман на Европското првенство. Македонските репрезентативци одиграа резервирано прво полувреме во кое единствената шанса за гол ја имаше капитенот Горан Пандев во 35. минута, откако претходно домашните имаа две убави можности.

А, натпреварот почна мирно на двете страни. Од првите 25 минути останаа за одбележување само два сосема безопасни шута на домашните, оној на Квеквешкири од 18 метри, крајно непрецизен, во 5. минута и на капитенот Канкава од слободен удар од 22 метри во 14. минута.

И во следните десет минути силен притисок на домашните. Во 28. минута следеше првата посериозна шанса за Грузијците, прв шут во рамките на македонскиот гол, Окриашвили шутираше од 18 метри, но Димитриевски одбрана. Веќе во 30. минута Окриашвили во нов убав продор по десната страна, шутираше силно од 16 метри но за малку над гредата од голот на Македонија. Веќе во 33. минута повторно брз напад на избраниците на Владимир Вајс, се најде Качарава и Казаишвили осамени пред голот на Димитриевски, но расчисти македонската одбрана.

Во 35. минута првата шанса за Македонија. Алиоски одлично од левата страна го проигра капитенот Пандев кој мајсторски со глава шутираше од 15 метри, но домашниот голман со крајни напори исфрли во корнер. И тоа беше се во првите 45 минути, за 0-0.

ЛИГА НА НАЦИИ – ФИНАЛЕ
ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-0
„Динамо арена“ во Тбилиси. Натпревар без публика.
ГРУЗИЈА: Лориа, Какабадзе, Кверквелија, Кашија, Двали, Канкава, Квеквешкири, Казаишвили, Квилија, Окриашвили, Качарава
Селектор: Владимир Вајс
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Алиоски, Николов, Адеми, Елмас, Пандев, Несторовски
Селектор: Игор Ангеловски

Се вчитува...