Фудбалерите на Пелистер и Македонија Ѓорче Петров играат без голови 0-0 на полувреме во еден интересен натпревар на „Петар Милошевски“ во Битола како дел од 28. коло од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и има три убави шанси во првите половина час преку Булатовиќ, но гостите успеаја да се одбранат. Најголемата шанса битолчани ја имаа во 31. минута кога спировски со глава убаво биеше, но од гол линијата добро реагираше капитенот Пецов и го спаси својот клуб.
Најголемата шанса гостите ја имаа во 42. минута кога Ајдоган добро биеше, но уште подобро интервенираше голманот на домашните Андреј Јовчевски. До крајот на првиот дел Булатовиќ повторно имаше шанса, но не успеа да го загрози повторно голот на Јанков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

