ПОЛУВРЕМЕ ПМФЛ: Тиквеш и Вардар без голови, фестивал на црвени картони во Штип (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ на полувреме 0-1 на гостувањето во Штип кај Брегалница во натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани до водство од 0-1 стигнаа во 6. минута откако по ударот од слободен удар на Бесарт Ибраими, Давков лошо интервенираше по што најдобро се снајде Бојку за водство на гостите од 0-1.

На мечот во Кавадарци меѓу најтрофејниот Вардар и Тиквеш по првите 45 минути резултатот е почетниот 0-0.

И двата тима  до крајот на првиот дел останаа со играч помалку. Прво Кривањева во 20. минута доби црвен картон, а надвор од теренот заврши и домашниот фудбалер Лвалива.

Водство од 1-0 има и Македонија Ѓорче Петров на домашен терен против Гостивар. Стрелец за „лавовите“ беше Величковски во 7. минута.

Предноста на домашен терен по 45 минути ја користи и Работнички кој со голот од пенал на Крсте Велковски во 31. минута.

Силекс и Шкендија играат без голови 0-0 на полувреме, а фудбалерот на домашните Ристовски се посрамоти за сите пари откако проба од пенал да изведе паненка, која беше во најмала рака комична.

ПМФЛ – 7. КОЛО

Кавадарци: ТИКВЕШ – ВАРДАР 0-0

Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА  0-1
Бојку 6′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВОСКА 1-0
Велковски 31′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР  1-0
Величковски 7′,

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-0

ВЧЕРА: 
Скопје: ШКУПИ – АП БРЕРА 1-0 
Абази 69′

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...