Полувреме: Стативи на двете страни, поништен гол на Струга ТЛ и водство за Бреидаблик (ВИДЕО)

Интересно прво полувреме се игра во Охрид, во кое Бреидаблик има предност во дуелот со Струга ТЛ. Двата тима беа израмнети во речиси сите сегменти, но водството е за Исланѓаните.

Најпрво Бреидаблик погоди статива, откако со глава се обиде Олсен, а топката од стативата се одби и одеше по гол линијата, по што мораше и Ќосевски да интервенира. На другата страна после некоја минута се закани Ибраими и топката заврши во дирекот.

Возбудувањата продолжија, па така во 28. минута по прогрување од левата страна, Шабани го совлада Еинарсон. Но, по консултација со ВАР, беше поништен поради наводен прекршок на фудбалерот на Струга ТЛ.

На спротивната страна „дар-мар“ на Гунлаугсон во 35. минута и прецизен удар од 20 метри кој заврши во десниот горен агол од голот на Ќосевски за предност на тимот од Исланд.

Struga 0-[1] Breiðablik – Höskuldur Gunnlaugsson 35′ (Nice Goal)
by u/atbg1936 in soccer

Се вчитува...