Помошникот на Нагелсман и Тухел во Баерн стана тренер на Ајнтрахт

Ајнтрахт Франкфурт објави дека Дино Топмелер е нов тренер на екипата, како замена за досегашниот Оливер Гласнер кој го напушти кормилото непосредно по завршувањето на сезоната. Договорот е на три години.

Последна работа на Топмелер му беше тимот на Баерн Минхен, како асистент на Јулијан Нагелсман кој доби отказ пред неколку месеци. Претходно работеше во Лајпциг заедно со Нагелсман. По смената од „Баварците“, Топмелер остана во стручниот штаб, и затоа Баерн ќе добие 500.000 евра како отштета.

Топмелер има искуство како прв тренер откако од 2016 до 2019 година го водеше Дуделанж, и со тимот стигна до групната фаза во Лигата на Европа.

Интересно, Дино е син на легендарниот Клаус Топмелер, кој исто така го водеше Ајнтрахт.

Се вчитува...