Понизок е за 20 сантиметри, но му залепи „банана“ на Дејвис (видео)

Отсуството на Адебајо остави голема дупка во рекетот на Мајами на вториот финален меч со ЛА Лејкерс, па останатите кошаркари мораа многу да работат за да го надополнат неиграњето на клучниот центар.

Најдобриот дефанзивен потег на финалето го имаше Кендрик Нан, кој со извонредна блоката го приземји Дејвис под кошот на Мајами. Нан е 20 сантиметри понизок од центарот на ЛА Лејкерс, но одлично се снајде во оваа ситуација.

Се вчитува...