Понуда за Дибала од која боли глава

Реал Мадрид е решен да ја засили навалната линија за следната сезона, а покрај Еден Азар „кралскиот клуб“ подготвува офанзива и за аннгажман на Пауло Дибала. Според „Дон Балон“, актуелниот европски првак веќе име подготвено и понуда од која боли глава, што Јувентус тешко дека ќе може да ја одбие.

Јувентус го има проценето Дибала на 120 милиони евра, а Реал е подготвен парично да плати половина од оваа сума, но и во Торино да го испрати Иско. Факт е дека шпанскиот ас не е дел од плановите на Сантијаго Солари и претседателот Перез е подготвен да го жртвува Иско во овие преговори, само за да го осигура потписот на Дибала.

Со оглед на фактот дека Иско се наоѓа на листата со желби на тренерот Алегри, големи се шансите дека Јуве ќе се согласи на една ваква опција, со што „црно-белите“ би добиле фудбалски генијалец во средниот ред. Воедно, Флорентино Перез со ваков развој на настаните би спречил и „предавство“ на Иско и трансфер во Барселона, за што шпанските медиуми се поинтензивно пишуваат во последно време.

Се вчитува...