Понудата е на маса: Арсенал дава девет милиони евра за Жоао Феликс

Арсенал ги интензивираше преговорите за ангажман на Жоао Феликс, во обид да дојде до нов напаѓач како замена за повредениот Габриел Жезус.

Феликс е достапен на позајмица откако ниту еден од заинтересираните клубови не искажа подготвеност да плати 100 милиони евра, колку што бара Атлетико за Португалецот, но „топчиите“ сега се во преден план во трката за негов ангажман до крајот на сезонава.

Како што информираат англиските медиуми, Арсенал веќе испратил понуда од девет милиони евра за позајмица до јуни, без клаузула за автоматско откупување на крајот од сезонава. „Топчиите“ би ја покриле целосно неговата плата според договорот што го има Жоао Феликс со Атлетико, но на потег е мадридскиот клуб кој ќе треба да реши дали ќе дозволи негова преселба во Лондон.

Се вчитува...