Понудата е на маса: Меси ќе треба да покаже што му е поважно – парите или Барселона

Барселона не се откажува од намерата да го врати Лео Меси за аргентинскиот генијалец на „Камп Ноу“ да ја заврши кариерата, но каталонскиот гигант исто така јасно ставил до знаење дека нема намера да се трка со ПСЖ околу понудата за плата што големиот ас би ја заработувал.

Шпанските медиуми информираат дека веќе е подготвена понуда за двогодишна соработка меѓу Меси и Барселона, но изненадувачки е што сумата е далеку помала од онаа што Меси моментно ја заработува во ПСЖ (40 милиони евра по сезона). Точната понуда не се обелоденува во јавноста, но неофицијално станува збор за околу десет милиони евра годишно.

„Ситуацијата е јасна, Лапорта сака да го стави Меси на тест. Лео ќе треба да реши, дали му се поважни парите или пак Барселона“, јавуваат каталонските медиуми.

Тешко е за верување дека Аргентинецот ќе прифати понуда за камбек во Барса под вакви услови, уште повеќе ако се земе во предвид дека каталонците и следното лето би можеле да имаат проблеми со регистрација на новите засилувања.

Поради ова многу поизвесно е дека Меси ќе потпише нов договор со ПСЖ, за што инсистира на плата како сегашната, во висина од 40 милиони евра годишно, плус бонуси.

Се вчитува...