Понуди од сите страни, Маркисио блиску до одлука

Италијанскиот фудбалер Клаудио Маркисио се уште е без клуб, а во опција се неколку заинтересирани страни. Тој пред неколку дена го напушти Јувентус во кој ја мина целата досегашна кариера и сега е во потрага по нов клуб.

Во италијанските медиуми деновиве актуелен беше неговиот потенцијален трансфер во Монако, но „Кориере ди Торино“ објави дека од овој трансфер нема ништо. Маркисио сега бира меѓу понудите од Спортинг Лисабон, руски Зенит и Олимпик Марсеј, а наводно има интерес и Шпанија, од Реал Бетис и од Севилја.

За италијанскиот репрезентативец заинтересирни биле и два клуба од САД, но Маркисио нив ги одбил уште од старт бидејќи сака кариерата да ја продолжи во Европа.

Според најавите во италијанските медиуми, Маркисио  може да биде најблиску до Спортинг доколку нов тренер на клубот стане неговиот сонародник Клаудио Раниери.

Се вчитува...