Попович за Дончиќ: Кога ќе го погледнеш личи како да изел некоја крофна повеќе, но…

Лука Дончиќ го одигра еден од своите најдобри натпревари против Сан Антонио. Словенскиот ас го предводеше својот тим до победа над Спарс со трипл-дабл учинок од 39 поени, 12 скокови и 10 асистенции па ги собра и импресиите на Греп Попович.

Легендарниот американски стратег говореше за Лука Дончиќ во суперлатив откривајќи ги неговите предности преку тренерскиот поглед.

„Едноставно ја уништува секоја одбрана која ќе ја поставиш против него. Мислам дека е потценет на атлетската граница. Кога ќе го погледнеш личи како да изел некоја крофна повеќе па обично не го доживувате како врвен спортист, но покрај неговата кошаркарска интелигенција морате да го гледате и неговиот инстикнт за игра, неговото носење на вистински одлуки во вистинско време… Тој е чекор пред останатите. Постојано знае секој каде е, ги разбира просторните односи и не му треба дивјачки да скока или трча. Го користи своето тело да се постави супериорно во ситуации во кои не можат другите да му парираат.

Секој пат кога играме против него сум се повеќе импресиран од тоа што го прави, а тоа е поради доследноста со која го прави тоа. Има и други кошаркари кои го прават тоа, но тој е константен секоја вечер. Тој е посебен“, изјави Попович.

Се вчитува...