Поповиќ: Дуда е икона на кошарката, карактер поголем од животот

Легендарниот НБА тренер, Грег Поповиќ се прости од Душан Дуда Ивковиќ кој вчера почина.

Тој вели дека популарниот Дуда е икона на овој спорт бидејќи имал карактер кој е поголем и од животот.

„Душан Ивковиќ беше икона на кошарката. Имаше карактер поголем од животот, беше неверојатен господар на играта. Моето време поминато со него во Европа и САД секогаш беше исполнето со моменти на воодушевување и учење еден од друг. Моето сочувство до сопругата Нена и неговото семејство“, напиша Поповиќ. 

Душан Дуда Ивковиќ почина на 77 годишна возраст.

Се вчитува...