Поради обилните снежни врнежи – ОДЛОЖЕНО ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА

По обилните снежни врнежи во целата земја, сосема очекувано одложено се преостанатите пет натпревари од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига кои беа закажани за денеска од 14 часот.

„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло во 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година (недела)“ – информираа од Натпреварувачката комисија на ФФМ.

Од првото пролетниот коло во сезоната 2020/21 останува викендов вчерашниот натпревар меѓу Академија Пандев и Работнички во Струмица кој заврши со победа на „романтичарите“ од 0-1.

Се вчитува...