Мајами во вторник рано наутро го пречекува Денвер во рамки на НБА-лигата. Овој натпревар привлекува многу внимание, бидејќи на претходната нивна пресметка, Никола Јокиќ го удри Маркиф Морис.
Тоа предизвика општ хаос, но и многу препукувања и закани на социјалните мрежи. Во главна улога беа двајцата браќа на Јокиќ. Шпекулациите низ американските медиуми велат дека браќата Јокиќ купиле билети за натпреварот во Мајами во случај некој да го нападне нивниот брат, да можат да реагираат од трибините.
Ветаранот во тимот на Хит, Удонис Хаслем преку весникот „Мајами Хералд“ им испрати порака на браќата Јокиќ.
„Јас немам ништо со тоа. Ние планираме да играме кошаркарски натпревар. Таа работа е веќе завршена. Постојано слушам дека браќата Јокиќ купиле билети за натпреварот. Подобро да останат мирни и да не им текне да се симнат долу и да прават проблеми. Мајами е мој град. Зошто купуваш билети? За да дојдеш да правиш нешто? Ова е мојот град. Ако не почнат ништо, нема да има ништо. Дојдете уживајте на натпреварот и потоа вратете си ги задни*ите назад дома. Никој нема да го нападне вашиот брат. Ние сакаме да играме кошарка“, рече Хаслем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА