Порака од репрезентативците: Фамилија….. (ФОТО)

По синоќешниот пораз од Ерменија, дел од македонските репрезентативци предводени од капитенот Горан Пандев се одлучија да испратат порака до спортската јавност дека еден пораз дефинитивно не може и не смее да ја наруши атмосферата во националниот тим.

„Фамилија…“ – напиша на својот Инстаграм профил Горан Пандев, со фотографијата заедно со Несторовски, Димитриевски, Николов, Трајковски, Зајков, Митов-Нилсон и Шишковски, индиректно посочувајќи дека ниту Столе Димитриевски ниту било кој друг поединец може да биде единствениот виновник за оној несакан дебакл кој ни се случи во Ереван.

Се вчитува...