Поранешен УФЦ шампион со закани кон Леброн Џејмс

Колби Ковингтон, поранешниот УФЦ шампион кој во својата кариера има 26 победи и само два порази одново го изрази неговиот бес кон Леброн Џејмс. Борецот кој што е приврзаник на Доналд Трамп нема почит кон Леброн, ниту кон движењето „Black lifes matter“.

„Движењето „Black lifes matter“ е целосно фарса, тоа е шега, тие раководат со овие луѓе. Тоа се терористи, група на криминалци и лоши луѓе кои ја напаѓаат полицијата. Ми се гади од атлетите и кукавиците како Леброн“ – изјави Конгинтон по мечот на кој настапи во септември.

Леброн Џејмс сега одново се најде во фокусот на поранешниот УФЦ борец, кој по борбата на јутуберот Џејк Пол и поранешниот НБА играч, Нејт Робинсон, го превизвика кошаркарот на Лејкерс во октоагонот.

„Чув дека конечно го тргнале Нејт Робинсон од рингот во Стејпс. Јас ќе го пребијам Леброн за половина од тоа време. Сите знаат дека НБА играчите се мекуши, најпривилигираните атлети на планетата“ – додаде поранешниот шампион.

Обидот за стекнување на слава засега 35-годишниот Џејмс не го коментира, кој е пред својата 17 сезона во најдобрата кошаркарска лига.

Се вчитува...