Поранешен ас на Барселона сега шверцува дрога

Мексиканскиот репрезентативец и долгогодишниот дефанзивец на Барселона, Рафа Маркес (38), обвинет е за шверц со дрога. Еден од најдобрите фудбалери на Мексико на сите времиња кој се уште е член на репрезентацијата на својата земја се наоѓа на списокот од 22 лица за кои Владата на САД објави дека се поврзани со препродавање на дрога.

Маркез е осомничен дека учествувал во криумчарење на дрога на територијата на САД, соопштија надлежните органи во САД.

Истрагата покажа дека Маркес бил поврзан со нарко-картел и со злогласниот Раул Флорес, соопшти Обвинителство на САД по долгогодишната истрага.

Поранешниот дефанзивец на Барселона, денес е играч на мексиканскиот Атлас и на репрезентацијата на Мексико. Покрај Маркес, осомничени се уште неколку играчи на Атлас.

Рафа Маркес настапуваше за Барселона во периодот од 2003 до 2010 година и запиша 163 настапи за каталонскиот тим. Освен во Барселона, мексиканскиот фудбалер го носеше и дресот на Монако, Ред бул од Њујорк, мексиканскиот Леон и на Верона, а сега е капитен на прволигашот Атлас од Гвадалахара.

Се вчитува...