Поранешен кошаркар на Куманово почина во Србија

Тажна вест пристигнува од Србија, каде денеска на 30-годишна возраст почина кошаркарот Немања Миљковиќ. Станува збор за играч кој пред три години настапуваше за македонскиот прволигаш Куманово, во нашето елитно друштви и во БИБЛ-лигата, по што се врати во татковината.

Миљковиќ веќе извесно време се болеше со тешка болест, битка од која за жал не успеа да излезе како победник. Тој во последните месеци од животот работеше како тренерот во кошаркарскиот клуб Церак.

Немања Миљковиќ во кариерата покрај за Куманово има настапувано и за ФМП, Земут, Виена, Вршац, Гросупље (Словенија), Парну (Естонија), Трикала (Грција) и Ал Ахли (Катар).

Се вчитува...