Поранешен тренер на Елмас е замената за Лампард во Дерби Каунти

Холанѓанецот Филип Коку е замената за Френк Лампард на клупата на Дерби Каунти. Холанѓанецот со англискиот тим потпиша договор на четири сезони.

Тој ќе му се приклучи на клубот на подготовките на Флорида, каде „овните“ ќе одиграат два контролни натпревари. Тој тренерската кариера ја почна во ПСВ Ајндховен, каде работеше пет години и освои три шампионски трофеи. Мината година имаше кратка авантура и на клупата на Фенербахче каде соработуваше со македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас.

За потсетување Дерби остана без тренер откако Френк Лампард потпиша за премиерлигашот Челси.

 

 

Се вчитува...