Поранешната сопруга на Дани Алвеш е убедена во неговата невиност

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш, се уште е во затвор, откако беше уапсен на почетокот на јануари под обвинение за силување на 23-годишна девојка во тоалет во ноќен клуб во Барселона на 30. декември 2022 година.

Самиот Алвеш тврдеше дека е невин, иако неколку пати ја менуваше верзијата за инцидентот, а на минатото рочиште беше одлучено дека против него се собрани доволно докази за да остане во притвор.

Поранешната сопруга на Алвеш, Дана Динора, даде интервју за весникот „Марка“ во кое изјави дека е убедена во невиноста на поранешниот сопруг со кој има две деца.

„Добро е, останува силен и неговото однесување е добро. Дани Алвеш има семејство и многу пати се случува кажаното да не е точно. Тоа е нешто што го оптоварува животот на нашите деца, тоа е тешка ситуација за нив. Јас сум мајка и кога страдаат децата, страдам и јас. Ова е лошо време, но ќе помине. Не го прашав за различните верзии, бидејќи знаеме дека е невин. За тоа нема сомнеж. И децата и јас сме убедени во неговата невиност. Ќе се докаже дека Дани Алвеш е невин и се ќе биде во ред“, изјави Динора.

Се вчитува...