Поранешниот Ф1 шампион Хил: Саинц ќе победи и во Јапонија

Најбрзиот караван на светот, Формула 1 шампионатот продолжува престојниот викенд со Големата награда на Јапонија, а поранешниот светски шампион, Дејмон Хил верува дека во Сузука ќе продолжи трендот на победи на Карлос Саинц.

Британскиот возач предноста и овој пат му ја даде на Шпанецот пред големиот фаворит Макс Ферстапен.

„Мислам дека ќе победи Карлос Саинц. Ферстапен ќе биде втор, а на третото место ќе заврши Ландо Норис“, предвиде Хил.

Интересно, Саинц во кариерата никогаш не оставарил два триума едно по друго.

Се вчитува...