Поранешниот капитен на Босна и Херцеговина тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Требиње

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Емир Спахиќ е тешко повреден во сообраќајна несреќа. Спахиќ моментално се наоѓа во болница во Требиње, а наскоро со хеликоптер треба да биде префрлен во Сараево.

Спахиќ е свесен и покрај повредите, но неговата состојба е критична, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина. Спахиќ беше капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина во историското прво учество на Мундијалите во Бразил 2014 година.

Се вчитува...