Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда замина во пензија: Ми недостасуваше семејството

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Нејт Волтерс кој во два наврати беше клучен дел од „црвено-белиот“ тим во походот кон титулата во АБА лигата објави крај на професионалната кошаркарска кариера на 32-годишна возрст.

Говорејќи на американски подкаст Волтерс кој во богатата кариера покрај за белградскиот тим настапуваше и во Турција, Франција, Литванија, Израел, Русија и Грција изјави дека сака да помине повеќе време со семејството.

„Се случи постепено и сега кога сум дома со семејството тоа ми значи се на светот. Не бев дома цела деценија. Сега сум оженет, имам деца и време е за промена. Во еден момент се почуствував многу лошо бидејќи бев толку далеку од нив. Ќе најдам нешто друго. Не знам со што ќе се занимавам, но мислам дека заслужив малку одмор. Не сакам да избрзам со одлука“, изјави Волтерс.

Покрај бројните години поминати во Европа, плејмејкерот беше дел и од НБА лигата. Тој беше одбран на драфтот во 2013 година како 38-ми пик од втората рунда, а забележа настапи за Милвоки и Њу Орлеанс.

Се вчитува...