Поранешниот тренер на Дончиќ: Џоел Ембид е единствениот кој заслужи МВП награда

Рик Карлајл, НБА шампионот со Далас во 2011 година кој подоцна го предовдеше и Лука Дончиќ сега седи на клупата на Индијана Пејсерс, а по вчерашниот пораз на неговиот клуб од Филаделфија имаше само пофални зборови за Џоел Ембид.

Шеесетитригодишникот вели дека тој го подигнал нивото на својата игра, а со тоа и на самиот тим и во моментот е единствениот кој ја заслужува МВП титулата.

„Моментално Ембид е МВП. Го подигна нивото на својата игра, а и неговата екипа игра фантастично. Нема играч за кој е потешко да подготвите план за игра. Јанис игра фантастично, Јокиќ исто така, меѓутоа против Ембид е најтешко да се игра, ако е воопшто возможно. Нам ни дадe 31 поен, а делува како да не се ни испоти. Тој е како „шифра“ во видео игра, толку е добар. Досега не сме виделе таков играч со физички предиспозиции и комбинација на сила и вештини“, вели Карлајл.

Се вчитува...