Поранешните фудбалери на Брегалница, Мичковски и Дујовски ја засилија Беласица (ФОТО)

Беласица официјално ги промовираше Тони Мичковски и Владимир Дујовски како свои нови засилувања за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Мичковски е крилен офанзивец кој доаѓа од ФК Кожуф, а во минатото има настапувано и за ФК Силекс и ФК Брегалница.

Дујовски, пак, е искусен играч од средината на теренот, а претходната сезона настапуваше во Првата лига со екипата на ФК Победа. Претходно има настапи и за ФК Брегалница, ФК Пехчево и ФК Хоризонт Турново.

Се вчитува...