„Меси е рак на Барселона, тој тим е луд“

Антоан Гризман по фантастичните партии во Атлетико Мадрид пристигна во Барселона како огромно засилување, но неговиот лош однос со Лионел Меси е главна тема во катaлонските медиуми. Од самиот почеток веста беше тоа дека Аргентинецот не го посакува Французинот во својот тим, трансферот се оствари, но недоразбирањата продолжија да се одразуваат и во самата игра на шпанскиот состав.

Трансферот на еден од најдобрите играчи во историјата на Барселона е се понеизвесен, а се чини вистинската форма на Гризман ќе се види дури откако 33-годишниот Аргентинец ќе го напушти составот, трансфер што се најавува за следното лето. Тоа го тврди  и поранешниот агент на Гризман, Ерик Олхатс.

„Антоан дојде во клубот и веднаш се најде во проблеми бидејќи клубот функционира на тој начин што Меси одлучува за се. Тој во исто време е и цар и монарх, а на доаѓањето на Антоан не гледаше добронамерно. Беше дрзок и истото веднаш се почувствува. Секогаш слушам за тоа како Антоан нема проблем со Меси, но не го слушам и спротивното. Јас мислам дека е јасно дека Меси изјави дека ќе си оди од клубот само за да види колкава моќ се уште има во клубот. Класичен Меси. Колку и да е добар на теренот, толку е и лош надвор од него. Барселона веќе некое време пати поради него. Тој е рак на клубот“ – изјави Олхатс за Франс Фудбал

Олхарс објаснува и како „правиот“ Гризман е оној од репрезентацијата, каде игра без пристисок кој во Барселона му го наметнува Меси.

„Клубот е луд, а не тој. Претходната година кога Антоан потпиша за клубот, Меси не разговараше со него, не сакаше ни да му подаде топка. Го трауматизираше. Тоа остави трага на Антоан. Истото се гледа и кога зборувате со него. Покрај тоа имате и заминување на претседателот на клубот, осум гола примени од Баерн, состојбата во Барселона воопшто не е добра“ – додаде агентот кој го откри Гризман.

Се вчитува...