Пораз на Атланта од Милвоки – Повредата на Треј Јанг сериозен проблем за Хоукс во борбата за големото финале

Двапати на натпреварот Милвоки против Аталанта си ја отежна работата, на почетокот од дуелот, а потоа и на почетокот на второто полувреме, но сепак на крајот успеа да го врати брејкот и поведе со победа и вкупен резултат од 2-1 во серија (113-102).

Најлошо од сè за Атланта е што Треј Јанг го заврте зглобот на крајот на третата четвртина, па поради оваа повреда останува да видиме дали ќе може да се опорави за утревечер.

Алтанта започна добро, поведе со +15, Јанг постигна 17 поени во првото полувреме, но Адетокумбо реагираше жестоко во рекетот, па на полувреме се отиде на израмнување. Во продолжение домашниот тим прв оствари значителна предност, Јанг погоди, а потоа можеби се случи клучен момент. Ѕвездата на Атланта стапна незгодно, го преврте зглобот и остана на земја. Тој успеа да се врати на теренот во последната четвртина, но беше очигледно дека е повреден.

На сцена следуваше Мидлтон, постигна 20 поени во последниот период, три повеќе од целиот тим на Хоукс. Заврши со 38 поени, со 11 скока и 7 асистенции. Тој погоди шест тројки и беше вистински лидер на неговиот тим во пресвртот.

Јанис додаде 33 со 11 скока, беше одличен во рекетот, а Боби Портис додаде 15 поени. Милвоки шутираше над 50%, имаше 50 скока повеќе. Од друга страна Јанг зад своето име запиша 35 поени, а само три по повредата. Лошо заврши Богдановиќ со осум поени (три асистенции и украдени топки и неколку скока).

 

 

 

Се вчитува...