Пораз на Лејкерс во камбекот на Леброн, Минесота триумфално против Голден Стејт

Чикаго стави крај на серијата од три победи едно по друго на Лос Анџелес Лејкерс славејќи со 108-118. На овој натпревар за тимот од „градот на ангелите“ настапи  Леброн Џејмс кој се врати од подолга повреда, но неговите 19 поени и 8 скока не беа доволни за продолжување на победничката серија.

Кај гостите кои водеа во текот на целиот натпревар најрасположен беше Зек Лавин кој броеше до 32 поен и 4 асистенции.

Минесота стигна до значајна победа на гостувањето кај Голден Стејт од 96-99 со која дојде една победа зад Вориорс во битката за место во плеј-офот. До победа Тимбервулвс ги предводеше Рид со 23 поени и 6 скока, додека кај домашниот тим најрасположен беше Пул со 27 поени и 4 скока.

Џејден Браун го предводеше Бостон до нова победа, овој пат против Сан Антонио со 137-93. Бекот натпреварот го заврши со далб-дабл од 41 поен и 13 скока, додека кај гостите се истакна Колинс со 21 поен и 7 скока.

Се вчитува...