Пораз на одбојкарите на втората контрола со Романија

Македонските одбојкари го загубија денешниот контролен натпревар со Романија со 3:0 (28:26, 25:16, 25:19). Откако вчера освоја три од пет сета против ривалот на заедничкиот тренинг, денеска во Валчеа вистински парираа само во првиот сет, а потоа Романците беа подобри и на сервис и на прием, имаа поефикасен напад и поуспешен блок, па го добија и четвртиот сет којшто беше одигран со договор на двата стручни табора (25:19).

Филип Савовски освои 14 поени, а двоцифрен беше и капитенот Никола Ѓорѓиев со 10. Девет имаше Стојан Илиев, седум Филип Маџунков, четири Владо Милев, по два Тоше Ефремов и Ангел Бошков, а по еден Филип Лепидовски и Давид Стојанов. Кај Романците најефикасни беа Динкулеску со 18 и Јонеску со 10 поени.

По тренинзите и натпреварите во Валчеа, македонската репрезентација утре се враќа во Струмица каде што ќе бидат одржани завршните подготовки пред Европската златна лига.

Првиот турнир во салата „Парк“ од 17-ти до 19-ти, каде ќе ни гостуваат Естонија и Чешка.

Се вчитува...