Пораз на Рајковиќ и ЦСКА Москва во дербито против Локомотив Кубан

Најдобриот макеоднски кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва загубија на гостувањето кај Локомотив Кубан со 89-85 во дерби натпреварот од руската ВТБ лига.

Гостите подобро го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа предност од 22-27. До крајот на првиот дел избраниците на Емил Рајковиќ успеаја да ја зголемат позитивата и на пауза да заминат со плус девет (44-53).

На стартот на второто полувреме домаќините заиграа далеку подобро па во третата четвртина успеаја да намалат повеќе од половина од предноста на противникот и во последните десет минути да влезат со негатива од само четири поени (69-73). Одличната серија на Локомотив Кубан продолжи и во последниот период, па со серија од 11-4 на пет минути до крајот по долго време домашниот тим поведе (80-77).

До крајот домаќините успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 89-85. Акон Девон со 30 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Тримбл Мело заврши со 23 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...