Пораз на Струга Трим Лум од тим од Туркменистан

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум со пораз ги стартуваше зимските подготовки во Анталија. На првиот тест во турскиот туристички центар стружани покажаа одредени слабости и загубија со 2-0 од Ахал, тим од Туркменистан.

Тренерот Јетон Беќири им даде шанса за настап на поголем број фудбалери, а шанса за поправен неговиот состав ќе има на 28.јануари кога ќе тестира против полскиот прволигаш Арка.

Се вчитува...