Пораз за Академија Пандев на првиот тест во Банско

Новиот македонски прволигаш, тимот на Академија Пандев, базичниот дел од подготовките го спроведува во Банско (Бугарија), а денеска доживеа пораз од 2-1 на првиот тест против бугарскиот тим Царско Село.

Единствениот стрелец за Академија Пандев на оваа средба беше Филип Михаилов.

Тренерот Панче Стојанов на овој меч им даде шанса на следните фудбалери во почетниот тим на Академија Пандев: Истатов, Вареловски, Петриќ, Димов, Атанасоски, Иванов, Атанасов, Бреди, Пандев, Дориев, Балдовалиев. Уште играа: Вујанац, Марков, Маневски, Чешмеџиев, Темелков, Бензузи, Томовски, Ефремов, Роден, Михаилов, Стоилов и Денковски.

Се вчитува...