Пораз за Академија Пандев на тестот со Славија Софија

Освојувачот на Купот, тимот на Академија Пандев, го загуби контролниот натпревар против Славија Софија со 2-3. Дел од избраниците на Југослав Тренчовски имаа стомачни тегоби во текот на денот, но и покрај тоа беше одлучено да биде одигран овој тест – натпревар. Ова е прв пораз за „пандевци“, по победите над Локомотив Пловдив (1-0) и над Берое (2-0).

Академија Пандев поведе од пенал со погодокот на Љупчо Дориев во 23.минута, откако Сашко Пандев беше соборен во противничкиот шеснаесетник. Сепак, Славија Софија израмни пред полувремето преку Владислав Узунов.

Во вториот дел, бугарскиот тим поведе со голот на Јанис Карабељов во 50.минута, а потоа постигна и трет гол преку Росен Крстев во 75.минута. Конечниот епилог го постави Шоколаров кој четири минути подоцна си постигна автогол.

Се вчитува...