Порази на селекциите до 15 и до 16 години на тестовите со Црна Гора односно Романија

Пионерските репрезентации на Македонија за фудбалери до 15 и до 16 години загубија на вторите тест дуели против соодветните селекции на Црна Гора и на Романија.

Селекцијата до 15 години, откако пред два дена ремизираше (2-2) со Црна Гора денеска загуби со 2-0 на вториот тест дуел кој се одигра во Црна Гора.

Селекцијата до 16 години, пак, повторно загуби со идентични 1-0 како и на првиот пријателски дуел против Романија.

Се вчитува...