Поразот од Ерменија еден од десетте најголеми во 25-годишната репрезентативна историја

Македонската репрезентација досега во својата 25-годишна историја има одиграно вкупно 223 натпревари заведени под капата на ФИФА и УЕФА од кои официјални квалификациски за пласман на ЕП или СП, или пријателски натпревари.

Од тие 223 вкупно одиграни натпревари, запишани се 64 победи, 54 ремија и дури 105 порази. А, меѓу тие 105 порази само 10 кои се со негатива од најмалку четири или повеќе голови разлика. Вчерашниот пораз од Ерменија од 4-0 во Ереван е токму еден од десет најголеми порази во нашата репрезентативна фудбалска историја.

Македонија досега има три натпревари со пораз од 4-0, покрај оној вчерашниот од Ерменија, и од Холандија и од Шпанија. Ерменија е всушност и најслаборангираната репрезентација од која сме доживеале еден од оние десет најтешки порази.

Најголемиот пораз на Македонија е од Чешка на гостувањето во Теплице во квалификациите за СП од 6-1, а се издвојуваат и три порази од 5-0, од Белгија, Словачка и од Унгарија.

ДЕСЕТ НАЈГОЛЕМИ ПОРАЗИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ИСТОРИЈАТА…

  1. Чешка – МАКЕДОНИЈА 6-1 (8. јуни 2005, квалификации за СП)
  2. МАКЕДОНИЈА – Белгија 0-5 (7. јуни 1995, квалификации за ЕП)
  3. МАКЕДОНИЈА – Словачка 0-5 (7. октомври 2001, квалификации за СП)
  4. Унгарија – МАКЕДОНИЈА 5-0 (14. ноември 2001, пријателски натпревар)
  5. Финска – МАКЕДОНИЈА 5-1 (7. септември 2005, квалификации за СП)
  6. Србија – МАКЕДОНИЈА 5-1 (15. октомври 2013, квалификации за СП)
  7. Шпанија – МАКЕДОНИЈА 5-1 (8. септември 2014, квалификации за ЕП)
  8. Ерменија – МАКЕДОНИЈА 4-0 (16. октомври 2018, ЛИГА НАЦИИ – квалификации за ЕП)
  9. Холандија – МАКЕДОНИЈА 4-0 (1. април 2009, квалификации за СП)
  10. Шпанија – МАКЕДОНИЈА 4-0 (12. ноември 2016, квалификации за СП)

Се вчитува...