Поразот од Македонија кобен за Сакети – Италија ќе има нов предводник

Кошаркарската репрезентација на Италија по предолимпискиот квалификациски турнир за ЛОИ на кој „Аѕурите“ во првата квалификациска група ќе се сретнат со Порторико и Сенегал, а доколку ја поминат истата ќе продолжат и со натпреварите кои ќе бидат одиграни во Белград, без разлика на остварениот успех ќе добие нов селектор.

Причината за ваквата одлука и покрај добрите партии на младите Италијанци на квалификациите за Европското првенство, се поразите од Естонија и Македонија. Раководството на кошаркарската репрезентација не била задоволна од асистентите на тренерот Сакети, а тој не се сложил истите да ги промени, пренесува „Газета дело Спорт“.

Италијанскиот медиум го знае и името на наследникот на Сакети, тоа е легендарниот тренер Еторе Месина, чиј договор ќе трае до 2024 година. Месина во својата богата кариера водеше клубови како Бенетон, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, а пред враќањето во Итлија и Милано, работеше и како помошен тренер во Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио.

Се вчитува...