Портнер има нов клуб во Лигата на Шампионите

Никола Портнер стави крај на повеќегодишната авантура во Магдебург, но швајцарскиот голман и во следната сезона ќе биде дел од Лигата на Шампионите откако потпиша договор со Пик Сегед.

Унгарскиот вицепрвак беше во потрага по нова опција за голманската позиција, Портнер беше на врвот на листата со желби, а двете страни најдоа заеднички јазик и во текот на вчерашниот договор беше потпишан договор со важност до јуни 2029 година.

„Свесен сум за традицијата на клубот во кој доаѓам, имам играно против Пик Сегед неколку пати во кариерата. Возбуден сум од почетокот на оваа нова авантура и едвај чекам за првпат да го облечам дресот на новиот клуб. Уште се запознавам со градот,  но имав можност да ја видам арената, која е навистина фантастична. Се гледаме наскоро, кога ќе истрчам прв пат пред полните трибини“, порача Портнер по потписот на договорот.

Се вчитува...