Порто и Никола Митревски ставија крај на серијата од два пораза во низа во Лигата на Шампионите откако на домешен терен ремизираа (33-33) со фаворизираната Барселона. Македонскиот голман беше во втор план на денешниот натпревар, а успеа да одбрани само два од десетте обида кон својот гол.
Добриот почеток на натпреварот му донесе и предност на португалскиот состав од 17-14 на полувремето, а и покрај тоа што оваа предност се искачи и на „плус“ седум (23-16) во второто, гостите успеаја да ја стопат негативата и да заминат од Португалија со бод.
Фленсбург стави крај на серијата на порази откако славеше на домашен терен против Мотор со 34-27. Германскиот тим стекнатата предност од финишот на првото полувреме (13-11) ја задржа и во второто во кое од минута во минута го зголемуваше водството за победа со седум гола разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА