Порто и Вардар во трка по Митревски!

Никола Митревски си заминува од Пелистер, а негова следна дестинација речиси сигурно ќе биде клуб од Лигата на шампионите. Португалскиот гигант Порто покажува сериозен интерес за да го доведе македонскиот репрезентативец во својот табор, а понуда до Митревски покажал и Вардар. Во моментов во преден план е понудата за враќање во Португалија, каде Митревски со голем успех го чуваше голот на Бенфика, а сега би заминал на голот на лутиот ривал Порто.

„Имам две понуди од тимови од ЛШ и една од Бундес-лигата. Тоа е се што можам да кажам во моментов, набрзо ќе ја донесам конечната одлука“, изјави Митревски за ЕКИПА.

Во меѓувреме, управата на Пелистер ќе има тешка задача да донесе нов голман кој достојно би го заменил репрезентатативецот, кој беше најдобар играч на овој тим минатата сезона.

Се вчитува...